Дали секое утро го почнувате со хаос додека барате пар чорапи? Време е за револуција во вашиот ормар, со вистинските методи за здиплување чорапи, ќе заштедите време, ќе им дадете подолг век на чорапите, и најважно вашата фиока конечно ќе изгледа фенси и кул.

Во продолжение, ви претставуваме 6 интересни начини за да ги здиплите вашите чорапи – бидејќи секој пар од Cool Socks заслужува третман со стил:

Наједноставниот начин за да ги држите чорапите заедно:

  1. Ставете ги чорапите еден врз друг.
  2. Свиткајте го горниот дел од едниот чорап навнатре, преку другиот.
  3. Можете да ги вметнете целосно или да оставите малку да висат.

Популаризиран од кралицата на редот – Мари Кондо. Минималистички, уредно и штеди простор:

  1. Ставете ги чорапите еден врз друг.
  2. Замислете ги поделени на 4 делови.
  3. Почнете да ги свиткувате од прстите нагоре – 3 свиткувања до ластикот.
  4. Ако стојат исправено, одлично сте ја завршиле работата.

За оние што сакаат фиока како уметничко дело:

  1. Поставете еден чорап рамно со петата нагоре.
  2. Вториот поставете го преку првиот за да формираат крст.
  3. Здиплете ги краевите на долниот чорап кон средина.
  4. Вметнете го делот кај прстите во ластикот .
  5. Здиплете го и горниот чорап преку првиот.
  6. Ќе добиете уредна, стабилна коцка.

Слична на примерот горе, но со уште повеќе прецизност:

  1. Направете форма на крст.
  2. Здиплете ги прстите на долниот чорап под крстот.
  3. Завртете го ластикот од долниот чорап над останатите делови.
  4. Здиплете го горниот чорап на ист начин.
  5. Ластиците треба да ѕиркаат од страните.
  6. Вметнете ги едни во други.
  7. Превртете ја целата форма и вметнете го вториот ластик.

Идеално ако сакате да ги препознавате чорапите на прв поглед:

  1. Ставете ги еден врз друг.
  2. Фатете ги кај делот за ппрстите и здиплете ги на половина, кон ластикот.

Омилен кај војниците – за максимална искористеност на простор:

  1. Поставете ги чорапите еден врз друг со петата нагоре.
  2. Стегнато ролајте од делот за прстите кон ластикот.
  3. Извлечете го надворешниот ластик преку целата ролна.
  4. Вметнете ги сите лабави делови.

Заклучок

Се согласуваме, нели? Здиплувањето и уредното складирање на чорапите не е само прашање на организација, тоа е начин на живот. Не само што ги одржува чорапите во одлична состојба, туку и прави вашата фиока да изгледа уредно. А има ли нешто попријатно од отворање фиока полна со совршено наредени, шик чорапи?

Особено кога станува збор за нашите Cool Socks, тие заслужуваат да бидат прикажани како мали уметнички дела. Затоа, складирајте ги со љубов, носете ги со стил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.